Вести Најважни Свет

Државите во јули ќе бираат европратеници – ќе се гласа и преку пошта

Во повеќето европски земји изборите се одржуваат на 9 јули, но тие почнуваат на 6 јули кога се одржуваат во Холандија.

Ден подоцна Ирците и Чесите излегуваат на гласање, додека на 8 јуни избори за Европскиот парламент се одржуваат во Летонија, Малта, Словачка и Италија. Во две земји изборите се одржуваат во текот на два дена – Чешка и Италија.

Во новото свикување, Европскиот парламент нема да ги има досегашните 705, туку 720 пратеници.

Минималниот број на европретставници по земја е шест. Најмалите европски земји – Малта, Кипар и Луксембург – имаат толку европратеници. Германија има најмногу европратеници, 96.

Граѓаните на 14 земји од ЕУ можат, доколку живеат во странство, да гласаат по пошта.

Хрватска е меѓу осумте земји чии граѓани своето право на глас можат да го остварат само со гласање во дипломатските претставништва на земјата. Во четири земји (Чешка, Ирска, Малта и Словачка) нема можност за гласање надвор од државата, додека само една (Естонија) има можност за електронско гласање.

Гласањето на изборите за Европскиот парламент е задолжително во Белгија, Бугарија, Луксембург и Грција.

Во повеќето земји, вклучително и во Хрватска, на изборите за Европскиот парламент има само една изборна единица. Исклучок во овој поглед се Белгија, Ирска, Италија и Полска.

Изборен праг од пет проценти постои во девет земји. Сепак, повеќето земји, поточно 13 од нив, немаат одреден изборен праг. Изборниот праг е четири отсто во Италија, Австрија и Шведска, три отсто во Грција и 1,8 отсто во Кипар.

Возраста за гласање е иста како и полнолетството во повеќето земји-членки. Во Грција може да гласаат и седумнаесетгодишници, додека во Белгија, Германија, Малта и Австрија може да гласаат со наполнети 16 години.

Минималната возраст на кандидатите на изборите варира од 18 до 25 години. Во 15 држави минималната возраст на кандидатите е 18 години.

Три години постар од минималната возраст е правило во дури девет земји, додека во Романија кандидатот мора да има најмалку 23 години, а во Грција и Италија 25 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Нов ценовен шок: Дизелот до 98,5 денари, Владата најавува можна интервенција

Kristina Kuzmanovski

Штрајкот во Грција ја блокира Богородица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе