Вести Македонија Топ вести

Навредливи симболи и пораки на градскиот симбол на крајот во Гостивар

Непознати лица испишале текст на албански јазик и со навредливи симболи го исшараа монументот кој се наоѓа на кејот во Гостивар. Претходно на срцето беше исцртано македонското знаме и делови од словенската азбука, како чин за одбележување на 24 Мај – денот на писменоста.

Гостиварци од утрово по социјалните мрежи го осудуваат овој чин.

„Ова не е постапка со која се отсликува соживотот на гостиварчани, зошто сите ние- македонци, албанци, турци, роми. Сме растеле заедно, сме се почитувале и сме ги негувале различностите. Ова може да го направи само оној што не израснал со овие вредности“, напиша Ема Мешковска, советник во општинскиот совет и еден од иницијаторите да се одбележи денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Настанот не е пријавен во полиција, а доколку биде, како што наведоа од СВР Тетово, ќе бидат преземени соодветни мерки. Врз сегмент од бетонскиот монумент во понеделникот, средношколци со дозвола на локалната самоуправа го обои со мотиви на македонското знаме и беа испишани букви од глаголицата и кирилицата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила Водно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе