Вести Македонија Најважни

Грција засега не размислува да го раскине Договорот од Преспа

Грција во моментов не размислува за раскинување на Договорот од Преспа, но и ја советува идната Влада во Македонија да направи проценка за почитува на барањата од Договорот, бидејќи Европската унија е таа која ги оценува прашањата од Договорот од Преспа и неговото спроведување. Ова го изјави грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, кој денеска во разговор за грчкото радио „Ток“ на директно прашање на новинарот дали Грција ќе го раскине договорот од Преспа одговари:

Во телефонскиот разговор, министерот за надворешни работи на Грција, Јиргис Герапетритис изјави:

„Во моментов нема такво прашање. Мислам дека е многу јасно дека во моментов има прашање кое произлезе од изборите во Северна Македонија. Ние го почитуваме изборниот резултат во Северна Македонија. Но она што секогаш сме го акцентирале е дека без разлика на разликите што може да ги има – идеолошки, политички разлики –новото политичко раководство ви-за-ви Договорот од Преспа, ова е меѓународен договор, кој е ратификуван и не е изменет или ревидирани еднострано од страните. Тоа претставува појдовна тока врз кој се изградија меѓународните односи на Северна Македонија“.

Герапетритис притоа потенцира дека Грција го следи прашањето за спроведување на Договорот од Преспа во добра волја, без оглед што актуелната влада во Атина не се согласува со содржината на документот.

И додека Грција инсистира на стриктно спроведување на Договорот од страна на Македонија, Брисел тоа го бара од двете страни. Од Европската комисија по прашањето на почитувањето на Договорот од Преспа за „Еуроактив“ изјавиле дека сите страни треба да се држат до договореното.

„Постојните билатерални договори треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција“, изјавил портпаролот на Европската комисија за „Еуроактив“.

За Европската унија, како што навеле од Европската комисија за „Еуроактив“ добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински за процесот на проширување.

Тамара Грнчаровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварци може да се бањаат, не може да ја пијат водата

Sasko Dimovski

Возејќи рикверц бил ненамерно прегазен од чичко му – 27-годишен тетовец се здобил со тешки телесни повреди

Sasko Dimovski

Сончево со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 28.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе