Вести Македонија Најважни

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Откако вчера Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во Министерството за финансии одлучи да се укине поскапувањето на полисите за автоодговорност денеска со реакција се огласија осигурителните компании.

Во неа се изразува разочарување од како што велат пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати регулаторот АСО, а врз основа на кои Комисијата ја намали цената на авто одговорноста.

„Одлуката на Комисијата за АО при МФ за враќање на цените на АО претставува директна закана за финансиската стабилност на осигурителниот сектор, поставување во целост на регулаторно ограничување во ценовните политики што е спротивно на препораките на ЕК во извештајот за напредокот на нашата земја, кое може сериозно да ја доведе во прашање грижата за осигурениците“ стои во нивната реакција.

Обвинуваат дека АСО излегол со анализи во насока на докажување на неоправданоста на донесените одлуки за зголемување на делот за вршење на дејноста на осигурувањето за автоодговорност при што анализите на осигурителната индустрија не биле воопшто земени предвид.

Додаваат и дека осигурителната индустрија оваа анализа не ја прифаќа и смета дека е погрешно поставена и пристрасно изработена со цел докажување на однапред определено мислење и намалување на цената за АО.

Агенцијата за супервизија на осигурувањето вчера излезе со анализа дека осигурителните компании се „полни како брод“ и оти поскапувањето е неоправдано. Според нив, трошоците од работењето може да се намалат со намалување на огромните провизии што им ги исплаќаат на посредниците за продажба.

Нивната анализа покажа дека над 45 отсто од трошоците за вршење на дејноста на 11 осигурителни компании, односно над 17 милиони евра, се потрошени за исплата на провизии.

Ова осигурување е задолжително при регистрација на возилата, а неговата цена ја утврдува државата, па се поставува прашањето зошто компаниите имаат потреба од посредници кои толку многу ги плаќаат.

Анализата покажува дека во 2023 година, 11 осигурителни компании наплатиле над 4 милиjарди денари осигурување за автоодговорност, односно над 65 милиони евра.

Со сè зелени картони и гранично осигурување вкупно се наплатени 87 милиони евра од граѓаните.

Од нив, за штети исплатиле помалку од 40 милиони евра, односно 45 отсто од премиите.

Сличен процент на исплата на штети има секоја година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје со валцери го одбележа јубилејот на Јохан Штраус

Дејан Дејан

КОД: „Пулс“ во Кочани – дивоградба претворена во кабаре без дозвола и заштита

Дејан Дејан

Доброшинци без вода во летните горештини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе