Вести Наука и здравје Свет

Најубав бубрег што некогаш го видел – прва трансплантација на бубрег од свиња на човек

Шеесет и двегодишен маж во последна фаза на бубрежна болест стана првиот човек кој доби бубрег од генетски модифицирана свиња, објавија денеска докторите од Општата болница Масачусетс во Бостон. Четиричасовниот хируршки зафат, кој бил направен на 16 март, „означува голема пресвртница во настојувањата за обезбедување на достапни органи за пациентите“, се наведува во соопштението на болницата.

Свинскиот бубрег го обезбеди еГенесис од Кембриџ, Масачусетс. Рик Слејман (62) веќе 11 години беше во рамки на болничката програма за трансплантација. Во 2018 година му бил трансплантиран човечки бубрег кој престана да функционира по пет години од интервенцијата, па докторите, поради стадиумот на неговата болест, му препорачале таков вид на трансплантација, пишува „Си-Ен-Ен“.

Доктор Татсуо Каваи, кој ја направи операцијата, наведе дека органот е со иста величина како човечкиот бубрег. Кога го ставиле бубрегот во телото на пациентот, тој веднаш добил црвенкаста боја и почнал да создава урина.

„Навистина беше најубавиот бубрег што некогаш сум го видел“, рече Каваи на прес-конференцијата по трансплантацијата.

Болницата соопшти дека Слејман сосема добро се опоравува и оти наскоро ќе биде пуштен дома.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спасовски: Законот за трагедијата во Кочани е морална и институционална обврска

Дејан Дејан

Камбовски: Делегирањето на судијката од Велес ќе ја ублажи состојбата со недостиг на судии во Кочани

Дејан Дејан

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе