Вести Свет

Србија дозволи движење на возила со косовски таблички

Србија дозволи движење на возила со косовски таблички. Денеска влегува во сила одлуката што беше донесена на 25-ти декември. Владата на Србија ја објасни како „помош за Србите од Косово и Метохија, која ќе им го олесни животот бидејќи тие најмногу ги користат административните премини“.  Одлуката на српската Влада да ги признае табличките РКС беше донесена веднаш откако голем број Срби од северот на Косово  ги заменија претходно неутралните таблички КС на УНМИК, како и табличките издадени од МВР на Србија со имиња на градови во Косово, со таблички издадени од властите во Приштина. Тоа им е единствениот начин да се движат низ Косово. Според податоците на Владата на Косово, од 1 ноември до 14 декември, 3 илјади 405 граѓани, од кои повеќето во општините Северна Митровица и Лепосавиќ, земале регистерски таблички со РКС.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ бара оставки на здравствените власти, на директорот на АХВ и на одговорните во лојалните ЦЈЗ

Sasko Dimovski

Случајот со загадената вода во Гостивар разоткрива непрофесионално и неодговорно однесување, велат невладините

Sasko Dimovski

Мал бетонски објект, метална врата и катанец како единствена заштита – до Комората во Вруток може да пристапи секој

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе