Вести Македонија Најважни

Десетина лекови набрзо на позитивната листа – Меџити на брифинг со новинарите

Двоцифрен број на нови лекови на позитивна листа многу брзо, најави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на прашања, по брифингот со новинари.

Министерот рече дека многу труд бил вложен за трајно вработување на здравствени работници, кои по неколку години се работно ангажирани во здравството. Тој додаде дека ова останува под знак прашалник уште неколку дена, до петок,  кога ќе го има конечниот одговор. Бројките биле усогласени со Министерството за финансии и Фондот за здравство, но, потребен бил уште еден состанок за дефинитивна одлука.

Во врска со загадениот воздух, тој рече дека како и секаде во светот, Министерството за здравство повикува на превентивни мерки а од наредната година, повтори оти многу динамично ќе се пристапи и со ригорозни мерки, заедно со други министерства и институции.

– Ќе има ригорозни мерки и за загадувачите. Мора да се стремиме кон таа зелена и еколошка светска карта, нагласи Меџити.

Министерот одговори дека идентификувано е лицето, што, според фотографии на социјалните мрежи, пуши во здравствена институција на работното место.

–  Најстрого ќе биде санкционирано спрема законот. Суспендирано од местото на работа, а ќе се формира и дисциплинска комисија, сите мерки ќе бидат преземени согласно законот за здравствена заштита, подвлече Меџити, информирајќи дека по Нова година, ќе има засилени контроли, ќе се влезе во секоја институција, за да се укаже, да се подобрат здравствените услуги.

Но, тој повика и да се менуваат навиките, да се почитуваат законите и да се пријавуваат вакви нерегуларности.

– Мора превентивно да се влијае, особено кога станува збор за пушењето, бидејќи со тоа, покрај грижата за сопственото и туѓото здравје, се влијае и врз тоа колку болестите врз кои влијаело и пушењето, ја чинат државата, истакна министерот.

Според него, пушењето не е зависност, туку лоша навика. Најави најстроги санкции за сите, особено за здравствените работници кои нема да го почитуваат законот. Но, пред да се казнува, ќе се апелира на штетноста од пушењето. Бидејќи, како што истакна министерот, секоја лоша навика може да доведе до болест од која, можеби, нема да има спас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе