Останато Спорт

Бенет ја шокираше конкуренцијата со победата во Вал Гардена

Американецот Брајс Бенет ја изненади конкуренцијата во Вал Гардена на денешниот прв сезонски спуст во рамки на Светскиот куп во алпско скијање.

Бенет до својата втора победа во кариерата дојде со време од 1 минута, 23 секунди и 80 стотинки. Зад него финишираше Норвежанецот Александер Амод Килде со само три стотинки послабо време, додека на третото место беше Марко Одермат од Швајцарија. Со оглед на фактот дека претходни три закажани трки во спуст беа откажани, Бенет е лидер во оваа дисциплина со 100 бодови, пред Килде со 80 и Одермат со 60. Во генералниот поредок првото место го делат Марко Одермат и Марко Шварц со по 160 бодови.

Во Вал Гардена утре се вози супер велеслалом, а во сабота уште еден спуст. Потоа во недела и понеделник на програмата се две трки во супер велеслалом во Алта Бадија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе