Во владата поминаа измените на Законот за спорт но јавноста се уште остана без основни информации околу тоа што тие содржат и што точно се менува. Што недостасуваше во постоечкиот закон кој е на сила веќе дваесетина години и претрпи барем исто толку измени.
Добија ли спортистите во Македонија конечно издржан, применлив и модерен Закон за спорт? Колку време се подготвуваше? Кој го подготвуваше? Можна ли е меѓународна суспензија на македонскиот спорт?
Каков е статусот на спортистите во моментов во Македонија кога станува збор за права и заштите?
Ова се само дел од прашањата на кои одговор дадоа гостите во вешерашната Топ Тема со Огнен Чанчаревиќ.
