Вести Македонија Најважни

Стража е проодна, неколку планински патни правци непроодни, забрана за камиони на патот кон Деве Баир

РЦУК Тетово, известува дека од 06:00 часот се укинува забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево. Патниот правец кон с.Лукавица ЕЛС Желино е непрооден, a луѓето се извлечени и се во своите домови.

АМСМ извести дека на 26.11.2023 година од 06:50 часот сообраќајот на регионалниот пат Крива Паланка – с.Нерав е во прекин за сите возила во двата правци, поради обилни врнежи на снег и одрон од камења на патот.

На патниот правец Прилеп – Македонски Брод (превој „Барбарас“) има забрана за возила потешки од 3 тони, a регионалниот пат Прилеп – Витолиште (Мариово) се уште не е исчистен и е прооден само за теренски возила, соопштуваат од ЦУК.

Забрана за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово-Маврово и Крива Паланка-Деве Баир.

Регионалниот ЦУК Штип, известува дека сите магистрални регионални локални патишта се исчистени и се проодни за сообраќај, а во моментов вршат дополнителна контрола на некој од локалните патишта во реонот на Плачковица

РЦУК Куманово, известува дека на територијата што ја покрива РЦУК-Куманово на сите магистрални, регионални и локални патни правци се проодни, сообраќајот се одвива тековно во зимски услови. Во моментот немаме информации за непроодни локални патни правци во планинските места.

РЦУК Струмица, известува дека сообраќајот по магистралните, регионалните и локалните патишта се одвива по чисти коловози. Единствено отежнато се одвива на патниот правец Струмица-Берово.

РЦУК Охрид, известува дека сообраќајот се одвива редовно во зимски услови и влажни коловози. Сите патни правци се проодни за сообраќај.

РЦУК Скопје, известува дека по остварените телефонски контакти со ЈП Македонија пат и со одговорните лица од општините Чучер Сандево, Сопиште, Бутел, Сарај, Гази Баба, Ѓорче Петров, Зелениково и Студеничани добиени се информации дека по синоќешните врнежи од снег нивните служби излегле на терен и во текот на ноќните часови биле исчистени и посолени сите патни правци во нивна надлежност. Според тоа, до овој момент, на територија на РЦУК Скопје нема информација за непроодни патни правци.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по наместа влажни коловози, констатираат од АМСМ и апелираат да се носи зимска опрема за возилата која е задолжителна од 15.11.2023. Возилата да имаат исто така и зимски гуми.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ВИДЕО: Полицајци спасуваа тригодишно дете и тројца возрасни заглавени од снежната бура на жичарницата на Водно

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе