Вести Македонија Најважни

Владата ја тргна забраната за слетување на авионот на Сергеј Лавров во Скопје

Владата денеска на седница ја тргнала забраната за прелет и слетување на руски државни воздухоплови над и во земјава.

На денешната Владина седница, Владата донесе дополнување на Одлуката за воведување рестриктивни мерки во поглед на активностите на Руската Федерација со која се ограничува пристапот на воздухопловот на Руската Федерација, а согласно со Регулативата на Советот на ЕУ од Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, со која Република Северна Македонија е целосно или 100% усогласена, соопштија од министерството за надворешни работи.

Во своето соопштение, МНР, посочува дека со одлуката на Владата им се дозволува на надлежните министерства самите да одлучатза издавање одобрение за прелет и слетување на рускиот воздухоплов за време на одржување на триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, во период од 29 ноември до 1 декември 2023 година.

Седницата се одржала во онлајн формат во претпладневните часови, но засега нема потврда дали ова ќе значи дека на престојниот министерски состанок на ОБСЕ, кој ќе се одржува од 29-ти ноември до 1-ви декември, ќе биде дозволено присуство на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Рестриктивни мерки за Руската Федерација беа воведени по агресијата врз Украина.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ, во изминатиот период повеќепати повтори дека се надева дека сите земји членки на организацијата ќе бидат претставени на највисоко дипломатско ниво во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе