Вести Македонија Најважни

(видео) Украински војници завршиле обука во Македонија, Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО во дводневна посета

Додека траат војните во Израел и во Украина, генералниот секретар на НАТО е на балканска турнеја која ќе ја заврши со дводневна посета на Македонија.

Актуелните состојби ќе бидат теми на средбите со државниот врв. Пред се тука се евро-интеграциите во државата и нивното влијание врз безбедноста. Од она што е најавено пред посетата, Столтенберг исто така ќе ги пренесе пораките дека Македонија е кредибилиен партнер на Алијансата, кој во регионот има најголема безбедносна стабилност и учествува во мировните мисии во Косово, во Босна и во Либан.

Тоа го докажа и по завршената обука на стотина припадници на украинската армија кои според информации на Телма се завршени во рамките на НАТО активностите на државата. Обуката на украинските војници е правена во области и потребите декларирани од страна на украинската војска и е дел од националниот ангажман на Македонија во согласност со актуелните политики на НАТО.

Ќе бидат разгледани и регионалните прашања пред се Косово каде имаше пораст на судирите и тензиите во изминатиот период без конкретни резултати на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Како теми се се наметнува и состојбата во Босна и Херцеговина, а секако и светските кризни жаришта кои се на самите граници на НАТО Алијансата, односно ангажманот во војните во Украина и на блискиот Исток, меѓу Израел и Хамас.

Официјалната посета, како што е најавено, Столтенберг ќе ја започне во Владата проследена со заедничка прес-конференција со неговиот домаќин, премиерот Димитар Ковачевски. Генералниот секретар на НАТО, попладне ќе се обрати и пред пратениците во Собранието, а ќе има средба и со Претседателот Стево Пендаровски во неговиот Кабинет.

Утре е неформалниот лидерски состанок на НАТО членките од регионот. Столтенберг и Ковачевски, како што е најавено, се сретнат со  поканетите лидери од Република Албанија, премиерот Еди Рама, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и словенечкиот премиер Роберт Голоб.

Од Сараево порача дека е загрижен поради русакото влијание во регинот и сецесионистичката реторика. На лидерите на Босна и херцеговина им порача дека државата ја има поддршката на Алијансата во евроатлантските ингерации, а тие мора да го зајакнат единството во државата и да продолжат со реформите.

Од Белград Столтенберг ги повика Белград и Приштина да го продолжат дијалогот бидејќи, посочи, тоа е единствениот пат до мирот. КФОР распоредил 2.000 војници на Косово што е најголемото засилување на КФОР во изминатата деценија.

На средбата со Вучиќ било зборувано и за формирање на Заедницата на српски општини во Косово, но имаше и разни гледишта на крвавиот инцидент во Бањска кој предизвика зголемување на тензиите.

Во Приштина Столтенберг изјави дека НАТО разгледува дали има потреба за трајно зголемување на силите во Коосво за да обезбеди актуелните тензии да не излезат од контрола и да не предизвикаат нов насилен конфликт на Косово или во поширокиот регион.

Во вестите во 15.30 се јави Миомир Серафиновиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе