Миле Јанакиески ја победи државата пред судот во Стразбур и ќе добие отштета затоа што е утврдено дека му билo повредено правото на слобода по членот 5 од Европската Конвенција за човекови права.
Поранешниот министер, обвинет во случаите Шпански Скали и организација на 27-ми април, бил во притвор иако според судот не постоеле причини за негово лишување од слообода. Втората повреда е во делот на брзината на одлучување по неговите жалби пред кривичниот совет во скопскиот кривичен суд, кои законски требало да траат максимум 48 часа.
- Во такви околности, може да се смета дека жалителот или неговите адвокати ги дознале второстепените решенија најрано на 25-ти декември 2019. година, 6-ти февруари, 10-ти март, 7-ми мај, 8-ми јуни, 10-ти јули, 13-ти август, 7-ми септември и 8-ми октомври 2020. Оттука, постапката за ревизија на притворот траеше помеѓу осумнаесет и дваесет и осум дена. Судот претходно утврди дека таквите одложувања се прекумерни (види, на пример, Сњатовскиј против Русија, и Рамковски против поранешна југословенска Република Македонија, се вели во одлуката на ЕСЧП во случај Миле Јанакиески против Р.С. Македонија.
Од кривичниот суд пак тврдат дека Стразбур утврдил само повреди на брзината на жалбените постапки за притворот, но дека притворот бил оправдан.
- Пресудата на ЕСЧП е веќе достапна на нивната веб страница и потребно е точно и внимателно да се прочита нејзината содржина пред да се навлезе во неосновани критики и погрешни заклучоци, со кои се информира јавноста. Во ниту еден дел не ја оспорува основаноста на определените мерки притвор и куќен притвор во прв степн, напротив ЕСЧП констатирал дека притворот бил оправдан, НО утврдува пропусти во лишувањето од слобода на обвинетиот, како и „брзината“ на жалбената постапка во повисок степен, се вели во Соопштение на Основен Кривичен суд Скопје.
Адвокатите на Јанакиески пак сметаат дека кривичниот суд наместо да ги поправи грешките си ги оправдува.
Миланов предлага притворот од 4 и пол години на Јанакиески да му се засмета во затворската казна за Титаник која ја издржува во Идризово, наместо да тужи дополнително за отштета. Судот во Стразбур определи државата да му плати вкупно 6.100 евра како отштета и за судските трошоци. Македонија во процесот кој го загуби тврдеше дека постапките по жалба на екс министерот биле одолжувани и поради неколку истовремени жалби на Јанакиески, но и поради мерките за Ковид епидемијата.
Миомир Серафиновиќ