Вести Македонија Најважни

Вратоврската ме стега, поудобно се чувствувам во докторски мантил – министерот Меџити бара имиња на одговорните за случајот „Онкологија“

Дали и кој тргувал со цитостатици и свесно го ризикувал здравјето на онколошките пациенти? – Име и презиме на одговорните во скандалот на Онкологија, веднаш. Во емотивен говор, налик на проштален, министерот за здравство, Фатмир Меџити побара итни резултати од истрагата за конечно да сопре гневот на јавноста кон целата медицинска фела.

„Крајно време е веќе обвинителството да излезе точно, со име и презиме, зашто овој костум денеска што го гледате на мене, ме гуши оваа кравата, јас денеска најубаво се чувствувам тука, најемотивно. Мене ми прилега белиот мантил и од првиот ден ви кажав, не претпочитувам да бидам политичар, ниту од некоја партија, тука ќе бидам лекар, тоа и ќе останам из аедно со мооите колеги, задно со вас, ќе ги подобриме работите“, вели министерот за здравство, Фатмир Меџити.

 Обвинителството со експресен одоговор на повикот на Меџити:

„Јавното обвинителство води предистражна постапка и не постапува по барања на други лица. Информации се споделуваат единствено во обем кој нема да наштети на постапката. Јавните обвинители работат темелно и одговорно, почитувајќи ги сите законски рокови. Јавното обвинителство апелира политичарите да се воздржат од употреба на овој чувствителен предмет во политички цели“, соопштија од ОЈО.

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ побара дополнителни 30 дена за Анкетната комисија. Спакувано во предлог – одлука до Собранието, опозициските пратеници инсистираат на уште еден месец сослушување експерти и поранешни и актуелни функционери.

„Го повикуваме парламентарното мнозинство и сите останати партии од опозицијата доколку навистина сакаат вистината да излезе на виделина да го поддржат нашиот предлог. Вистината за канцер мафијата мора да се знае. Одговорност за дивото месо во здравството ќе има, со име и презиме“, рече Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.

На последната седница на Анкетната, отчет даваше јавниот обвинител Љубомир Јовески. Реагираше дека работата на комисијата ќе ја наруши предистражната постапка на Обвинителството за „Онкологија“. Потенцираше дека паралелна истрага за случајот, е спротивна на Уставот, законите и на собраниските деловници.

На иста линија со Јовески, е и претседателот на кривичен, Иван Џолев, кој во работата на комисијата виде опструкција во време кога има активна истрагата во обвинителството.

Весна Дојчиновска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за струмичанец кој викендов запали трактор, а потоа и возило на негови сограѓани

Sonja Petrusevska

Аневска: Три дена не сме забележале колиформни бактерии во водата во Гостивар, ниту концентрација на трихалометани над дозволената граница поради хиперхлорирањето

Sasko Dimovski

Тошковски: Водата во Гостивар, конечно, може да се користи како техничка, но сè уште не e за пиење и за подготвување на храна

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе