Вести Македонија Најважни

Министерот Лога побарал од претседателот да заседава Советот за безбедност – ќе се разгледува состојбата со затворите

Министерот за правда, Кренар Лога, испратил писмо до Председателот Стево Пендаровски, во кое побарал да се свика седница на Советот за Безбедност. На оваа седница министерот Лога ќе бара  да се разгледува состојбата во затворите во земјава и состојбата со над 2.800 осудени лица со упатен акт, кои не ја одлежуваат казната поради недостиг на простор, а кои преставуваат потенцијална опасност за целото општество и можноста досегашните дела да им застаруваат и со тоа да се охрабрат истите да ги повторат.

Посебно писмо, Министерот Кренар Лога испратил и до Министерот за Внатрешни Работи и директорите на АНБ и АР, каде ке се побарат истите информации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 28.7.2026

meteo

Судири меѓу демонстранти и полицијата пред парламентот во Тирана – приведени неколку лица

Sasko Dimovski

Нема меѓуинституционални договори за стационирање на артефакти во услови на кризи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе