Министерот за правда, Кренар Лога, испратил писмо до Председателот Стево Пендаровски, во кое побарал да се свика седница на Советот за Безбедност. На оваа седница министерот Лога ќе бара да се разгледува состојбата во затворите во земјава и состојбата со над 2.800 осудени лица со упатен акт, кои не ја одлежуваат казната поради недостиг на простор, а кои преставуваат потенцијална опасност за целото општество и можноста досегашните дела да им застаруваат и со тоа да се охрабрат истите да ги повторат.
Посебно писмо, Министерот Кренар Лога испратил и до Министерот за Внатрешни Работи и директорите на АНБ и АР, каде ке се побарат истите информации.
