Вести Најважни Свет

Нема струја и вода додека не се ослободат нашите заложници – Израел нема да го прекине бомбардирањето врз појасот Газа

Нема струја и вода, ниту гориво за појасот Газа се додека нашите заложници не се вратат дома. Изралскиот министер за енергетика преку Твитер ја испрати пораката дека цивилите во Газа се оставени сами на себе.

„Хуманитаризам за хуманитаризам. И никој да не ни држи лекции“, додава министерот Кац во својот пост. Се уште не се знае судбината на киднапираните 150 Израелци за време на нападот од Хамас.

Израел продолжува со неконтролираното гранатирање врз Газа, таргетира училишта, болници и станбени згради. Но, оправдувањето е дека под нив се наоѓаат тунелите на Хамас, каде ги склопуваат ракетите. Се поотежнато е и напуштањето на појасот, низ преминот Рафа, кој го контролира Египет. Одбиени се и плановите да се формира коридор низ кој палестинците би ги избегнале израелските напади. Египет се согласува да отвори пат само за храна и лекови, но не и за цивили. Во меѓувреме, на границата се зголемува бројот на израелските војници, кој надмина 340 илјади, па копнената офанзива е неизбежна, посебно по последната изјава на Нетанјаху.

  • Се бориме со сета наша сила, на сите фронтови. Почнавме офанзива – секој член на Хамас е мртов човек. Хамас е ИСИС и ќе биде уништен и елиминиран исто како што светот ја уништи и елиминира ИСИС, изјави Нетанјаху. 

Начинот на кој Израел се справува со Хамас, е под критика од меѓународната јавност, посебно што во нападите гинат деца. Но, Тел Авив убедува дека разузнавачките служби внимателно ги лоцираат цивилите од непријателот.

  • Работиме воено според правилата на меѓународното право. Точка.  Недвосмислено. Но, ние сме во војна. Ние сме во војна. Ние сме во војна. Ние ги браниме нашите домови. Ги штитиме нашите домови. Тоа е вистината. А тогаш кога еден народ ќе си го заштити домот се бори. И ние ќе се бориме, изјави израелскиот претседател Исаак Херцог. 

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, веќе пристигна во Израел. Ќе се состане и со Нетанјаху и со палестинскиот претседател Махмуд Абас, но и со регионалните лидери, на кои треба да им соопшти да не зафаќаат страна, во спротивно политичката цена би била огромна. Потребно е да се преговара, сметаат аналитичарите.

  • Сето ова треба да се преговара од трета страна многу, многу внимателно или трети страни, множина. И ако тоа не се случи со секоја минута од инвазијата, трошоците на катастрофата за човечката катастрофа, хуманитарната катастрофа и политичката катастрофа, за жителите на Газа, за Западниот Брег, за Палестинците во двете области, за Израел, за регионот , ќе биде исклучително висока, смета НАОМИ БАР-ЈАЦОВ, МЕЃУНАРОДНА ПРОГРАМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ, ЧЕТАМ ХАУС

За шест дена, се раселени речиси 240 илјади жители на Газа. Војната, која однесе најмалку 2.200 животи од двете страни, се очекува да ескалира наредниве денови.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе