Останато Спорт

ФОТО галерија: Американска доминација во штафетите, второ злато за Кипјегон

Претпоследниот ден на Светскиот шампионат во атлетика мина во знакот на двојната победа на американските штафети 4 пати по 100 метри, но на второто злато за атлетичарката од Кенија, Фејт Кипјегон.

Во женската штафета Ша’Кари Ричардсон, Тамари Дејвис, Тваниша Тери и Габриел Томас убедливо беа побрзи од конкурентките од Јамајка и на крајот триумфираа со време на нов рекорд на шампионатите.

Ноа Лајлс го освои и третото злато во Будимпешта откако заедно со Кристијан Колман, Фред Керли и Брендон Карнс беа доминантни во однос на конкуренцијата и до најсјајното одличје стигнаа надминувајќи ги штафетите на Италија и Велика Британија.

По победата на 1500 метри, Кипјегон беше најбрза и во трката на 5000 метри. Таа до вториот златен медал стигна пред Сифан Хасан и сонародничката Беатрис Чебат.

Арман Дуплантис го одбрани тронот од Јуџин и го освои првото место со скок од 610 сантиметри, а имаше и три неуспешни обиди да стигне до нов светски рекорд од 6,23. Втор е Ернест Џон Обиене од Филипини, а третото место го поделија Куртис Маршал од Австралија и Американецот, Крис Нилсен.

Титулата ја одбрани и Чејс Или од САД во фрлање ѓуле, таа триумфираше пред Канаѓанката Сара Митон и поранешната двојна светска шампионка, Гонг Лијао од Кина.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе