Вести Најважни Свет

Ново, четврто, обвинување против Трамп во 2023 година – овојпат се товари за обид за менување на изборни резултати, фалсификат и рекет во Џорџија

Доналд Трамп и 18 негови блиски соработници се обвинети за обид за менување на изборни резултати, фалсификување и рекет. Најновото, четврто, обвинение против поранешниот американски претседател во оваа година е подигнато во сојузната држава Џорџија. Актот го поднесе обвинителката Фани Вилис која ја почна истрагата во февруари во 2021 година за наводно мешање на Трамп во претседателските избори во 2020 година. Притоа им даде рок на обвинетите за доброволно да се предадат до 25 август и оти планира да им суди на сите 19 обвинети.

На листата на соучесници во најновото обвинение против Трамп се наоѓаат неговиот поранешен адвокат Руди Џулијани, поранешниот шеф на кабинетот во Белата куќа, Марк Медоуз, како и поранешниот адвокат на Белата куќа, Џон Истман. Обвинети се и поранешниот вработен во Министерството за правда Џефри Кларкс, како и адвокатките Синди Пауел и Џена Елис.

Во обвинението на 98 страници се наведува дека обвинетите „свесно и намерно се придружиле во заверата за противправна промена на исходот на изборите во корист на Трамп“. Поранешниот американски претседател е обвинет за кршење на Законот за рекетирање на Џорџија, повреда на заклетва на јавен службеник, за лажно претставување, за фалсификување од прв степен и лажни изјави во поднесување на лажно документи. Обвинетите се дел од „злосторничка организација кои краделе, влијаеле на сведоци и лажноп сведочел“.

Трамп, кој моментно води во трката кај Републиканците за избор на кандидат за претседателските избори во 2024 година, за истрагата на Вилис рече дека е политички мотивирана. Во соопштението од неговиот штаб ја опишуваат обвинителката како „бесна симпатизерка на Демократката партија“ која подигнала лажно обвинение за да ја попречи претседателската трка и да нанесе штета на „кампањата на Доналд Трамп.

Трамп е првиот претседател во историјата на Америка кој се соочува со кривични пријави. Најсериозното обвинување во најновиот акт против Трамп е кршење на Законот за организации под влијание на рекет и корумпирани организации кое е казниво со затворска казна до 20 години.

 

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе