Вести Македонија Најважни

Луѓето со дијабетес оставени 7 месеци без ленти за инсулин и терапија – излегуваат на предупредувачки протест

Лицата со дијабетес ќе одржат мирен предупредувачки протест пред Министерството за здравство. Револтирани се зошто сите рокови поминале, а државата веќе 7 месеци ги оставила пациентите кои се на инсулин без ленти, глукомери, пумпи, терапија, а ги нема ниту ветените сензори за 700- тини деца со вакво заболување.

Од Министерството за здравство признаваат дека набавката доцнела, но посочија дека за тоа виновни биле нивните претходници раководени од Беким Сали, а во моментот течеле жалбените постапки за набавка на ленти. Протестот е во организација на Сојуз на здруженија на дијабетичари и истиот е најавен за 19 часот со цел како што велат да се почитуваат препораките дадени поради топлото време. Повикаа нивната борба да не се користи во политички цели и за собирање политиички поени.

Во земјава регистрирани се 45 илјади лица кои имаа потреба од инсулинска терапија…

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

(фото)Четири дена по силното невреме Скопје сè уште ги санира последиците – Најголеми штети има во Градскиот парк, како и Карпош и Аеродром

Дејан Дејан

(видео)Димитриевски: Советниците и пратениците кои станаа независни треба да го вратат мандатот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе