Вести Македонија Топ вести

Владата го утврди предлогот за пристапување кон измените на Уставот, повик за европски консезус во Парламентот

Иницијативата за менување на Уставот уште утре може да влезе во собраниска процедура. Вратата ја отвори Владата со усвојувањето на Предлогот што Работната група го подготви уште пред два месеци.

Се предлагаат три интервенции: во Преамбулата да се додадат и: бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египќанскиот народ, како и во делот за дијаспората и за Комитетот на заедници.

Покрај Бугарите уште 5 народи да станат дел од уставната преамбула: Што содржи предлогот за уставни измени кој патува кон Собранието

Владата очекува конструктивност од сите партии и натпартиски консензус бидејќи ваквата одлука ќе ја овозможи втората меѓувладина конференција со ЕУ до декември оваа година.

Но, ВМРО ДПМНЕ не покажува знаци дека 44-цата пратеници од нивната пратеничка група би можеле да ги поддржат уставните измени.

Во ставот не ги поколеба ниту Вајмарската тројка која два дена уверува дека сега е моментот да се определи европската иднина на земјата и дека нови бугарски барања нема да има.

Другите пратенички групи немаат дилеми. Тоа го покажала и средбата кај спикерот Талат Џафери, од која произлегува и барање за поголема поддршка и гаранции од европските партнери.

Постапката за менување на Уставот трае 4-5 месеци. Од добивањето бројче во собраниската архива до првото гласање на пленарна седница треба да изминат 30-тина дена. Се очекува да биде закажана околу 20-ти август, независно што тоа е месецот кога пратениците користат годишен одмор.

Неопходно е за Предлогот  да гласаат 80 пратеници, како и најмалку 21 пратеник од малцинските заедници при Бадинтеровото гласање. Доколку помине, Одлуката за пристапување кон измена на Уставот се враќа во Владата која треба да го подготви текстот на нацрт-амандманите. Доколку нема дво-третинско мнозинство, процедурата за менување на Уставот се прекинува.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе