Вести Македонија Најважни

За правниците се небулозни тврдењата на дел од министрите дека не знаеле за што гласаат

Иако, се најавуваше дека на денешната владина седница министерот за економија Бектеши ќе го образложи спојување на концесиите за Иловица, владата заборави дека тој е службено отсутен во Америка и е на пат кон дома. И додека Владата се заплеткува во дополнителни објаснувања, дел од правниците велат дека се небулоза тврдењата кои досега излегоа во јавноста, дека минитрите на седницата кога се носела оваа одлука, не биле запознаени со предметот, па дури и дека биле измамени.

Ако зборуваме правничко многу е  небулозно да се тврди дека некој не знаел за што се гласа за точка ставена на гласање, затоа што постои процедура како некој материјал стига до владата. Прво се понесуваат преку генералниот секратар, кој проверува дали има меморандум, точен со податоци за материјалот, дали сите државни органи дале мислења, па потоа се става на дневен ред. Не можам да знам што се случувало на владина седница, но тука имаме генерален секретаријат да ги контролира, а и самиот председател одлучува дали ќе го стави предметот на дневен ред или не. Во овој случај е нејасно како за оваа точка нема расправа. Така што во секој случај самото тврдење дека ова е точка ставена на дневен ред и никој не бил запознаен со содржината е нелогично и небулозно, инсистира асистентот по уставно право Константин битраков.

Телма испрати прашања  и до Владата.

  1. Ве молиме да ни го доставите меморандумот за спојување на концесиите за Иловица кој министерот за економија Крешник Бектеши го доставил согласно Член 73 а, Став 1 од деловникот за работа на Владата.
  2. Дали има, каков е, и каква е оценката на Секретаријатот за законодавство по материјалот доставен од Бектеши, а кој став или оценка морало да ја има согласно член 73 а став 2 од деловникот за работа на Влада?
  3. Доколку таков став нема Ве молиме за објансување зошто и чија е одговорнста во тој случај?
  4. Што дополнително ќе објаснува министерот Бектеши надвор од доставениот меморандум кој на своите службени  компјутери  го имаат сите министри вклучително и оние кои излегоа во јавноста и изјавија дека министерот за економија ги измамил?
  5. Дали и на кој комисии ( комисија за економија, правни прашања) e разгледуван материјалот и кои се заклучоците од тие комисии?
  6. Дали со оглед дека станува збор за стратешко прашање со големи и правни и економски импликации врз буџетот, за ова прашање разговарале правниот и економскиот совет на премиерот, согласно процедурите предвидени во деловникот за работа?
  7. Дали некој во владата со оглед на тоа што е ова стратешко прашање го советувал премиерот Ковачевски да се применат одредбите од деловникот кој овозможува премиерот за стратешки прашања да формира и посебни комисии за анализа на одреден проблем или прашање?
  8. Со оглед на изјавите на дел од министрите дека биле измамени, Владата го дели исто тој став или не?

Но, одговор од таму не добивме.

За експертите  спорно ќе биде можното повлекување на веќе донесената одлука на Влада.

Во суштина отповикување одлкука не постои, туку може истата да се огласи за ништовна. Но и  тука треба сериозно да се види дали има основ затоа што не е тоа така регулирано во секој случај да се огласи акт за ништовен. Ако тоа го направиме без притоа да имаме сериозен правен основ тогаш ние даваме сериозни аргументи во случајот концесионерот и ние да исплаќаме како држава сериозни суми кон него заради носење на одлука, а потоа истата да се огласи за ништовна, смета битраков.

Според Битраков со тврдењата дека минитрите за ваква важна точка не биле доволно запознаени со предметот, остава сомнеш за тоа како работи Владата и за тоа како се носеле одлуки и  за други стратешки прашања.

Најавите за нови сендици и проверка на владината одлука доаѓаат по масовните протести на граѓаните против отварањето на рудникот  Иловица во струмичката котлина, и по одлуката на Владата да ги спои концесиите, иако Управниот суд не и наложува на Владата тоа да го направи, туку јасно кажува дека Владата сама треба да носи одлука за ова прашање, без разлика таа во која насока ќе биде.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Димитриевски: Советниците и пратениците кои станаа независни треба да го вратат мандатот

Дејан Дејан

(видео)Оштетена железничката инфраструктура – од електровлечната подстаница Драчево украдена опрема вредна пет милион евра

Дејан Дејан

(видео)Органодарителството спасува живот – мора да биде доброволно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе