Судиите Антоанета Димовска и Наке Георгиев се новите судии на Судски Совет. Повеќето врховни судии ги направиле ливчињата неважечки. Судијата Наке Георгиев станува нов член на судскиот совет со 6 гласа а 7 биле неважечки. Ова е расположението на 13 мина кои излегле да гласаат од вкупно 16 на изборачкиот список за Врховниот суд.
Судиите од скопко апелационо подрачје убедливо ѝ дале поддршка на судијката од граѓанскиот суд Антоанета Димовска. Таа доби двојно повеќе гласови од претседателот на кавадаречкиот суд Лазар Нанев 110 наспроти 49 гласа .
Во 12 суда од скопското апелационо продачје гласале 185 судии, а 26 ливчиња биле неважечки
Судија Наке Георгиев кој беше единствен кандидат од Врховниот суд со седнува во судски наместото неговата колешка Мирјана Радевска Стефкова која си даде оставка поради сериозни разидувања со работата на судскиот совет
Неговата кандидатура се совпадна со затворањето на дисиплинската постапка што судскиот совет ја отвори уште лани, а се однесува за перидот кога тој беше претседател на штипска Апелација. Судски ја запре постапката против него, но обвинителството води предистражна постапка откако судскиот совет кај нив ја препратил анонимната претставка поврзана со коруптивни дејствија.
Извесноста дека ќе добие нова функција во правосудството фрли светлина и на фамилијарните врски. Неговата сопруга е обвинителка во Струмица, а неговиот син заврши академија за судии и наскоро токму судскиот совет треба да го избере. Георгиев кариерата ја почнува во основиот суд во родната Струмица во 1997 година и преку штипска Апелација доаѓа до врховен суд освои уште една скала во карирерата во најмоќното судско тело во моментите кога доживува најголеми критики.
Судијката Димовска која е судијка од 1996та влегува во телото кое јавно го критикуваше и кое до сега не ја унапредуваше во повисокиот суд. Годинава судскиот совет не ја поддржа и нејзината кандидатура за уставен судија. Таа е сестра на пратеничката Снежана Калевска Ванчева од СДСМ
Од критики за незаконско работење, до тоа дека станале нелегитимно тело – судскиот совет изминатите месеци по серијата скандали е во центарот на вниманието. Невладините бараа оставки од сите членови на советот и ги повикаа судиите да ги бојкотираат овие избори, со цел да се почека извештајот на оценската мисија што за Телма ја најави евроамбасадорот Гир.
Елена Ивановска Мукоска
