Вести Македонија Најважни

Граѓаните не ги интересираат политичките препукувања, сакаат да ја добијат услугата која што ја платиле од скромните буџети

И утринава скопјани се разбудија претрупани во ѓубре и смрдеа.  Иако синоќа дел од камионите на Комунална хигиена со полициска асистенција излегоа да чистат сепак најверојатно неколкудневното таложење и насобирање на отпадот не беше лесна мисија за да се собере за неколку часа. Граѓаните револтирани сите пресметки на крај пагаат врз нивен грб. Велат плаќаат за услуга која не ја добиваат.

Проблемот со отпадот кој со денови стои неодложен започна откако дел од вработените ја блокираа работата на Комунална хигиена со барање да бидат вратени избрканите вработени, да им се покачи платата, да добијат К15 и да се смени односот кон нив на директорката Мазнева.  Таа пак синоќа рече дека подготвена е да подели уште стотици откази за сите кои го узурпирале работењето на претпријатието, а за дел од нив најави и кривични пријави.

Во текот на денешниот ден ќе следат постапки за откази на онаа група која три дена го узурпираше претрпријатието. Против иститие поднесени се и кривични пријави за загрозување на безбедноста и здравјето на граѓаните, соопшти директорката мазнева.

Градоначалниците на скопските општини излегоа на терен за како што рекоја на своја сметка да ја завршат работата на надлежните институции.  Дел од нив синоќа се пожалија дека биле опструирани од јавната депонија Дрисла и им било забрането да го одложат отпадот во единствената голема депонија за Скопје. Рекоа дека според нив зад целата состојба најверојатно има политичка позадина.

Дека имаше препукувања и на политичка релација можеше да се види од пораките кои си ги упатија довчерашните сојузници, а сега лути ривали, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Арсовска вчера тврдеше дека во претпријатието има превработеност, како и дека таму се вработувале роднини до шесто колено . Денеска се пофали со исчистени контењери но не кажа дали како што најави го исчисти и нејзиниот главен приоритет Мицкоски.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се врши проценка на штетите по силниот ветар во Штип – пациентите од Ортопадија се уште се на другите одделенија

Дејан Дејан

Полемиката меѓу Муцунски и Османи околу преговарачката рамка не запира

Дејан Дејан

Шумски пожари беснеат во Франција и Шпанија, над стотици илјади луѓе се евакуирани – пожарникарите немоќни пред силата на ветрот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе