Ѓубрето низ Скопје ги обедини градоначалниците на скопските општини и ги седна на заедничка маса без разлика на тоа кој на која политичка партија припаѓа.
Бараат решение за настанатиот проблем со отпадот кој ги преплави нивните општини. Тие од рано утринава се екипираа и излегоа на терен за сами да ја преземат работата во свои раце и на своја сметка да ги исчистат улиците во главниот град.
Но, рекоа дека проблемот со Дрисла која одбива да го прими сметот од сите општини освен од општините Сарај и Карпош се уште не е решен и нема објаснување.
Ги наполнија камионите но сега нема каде да го одложат собраното ѓубре иако велат дека не бараат од Дрисла бесплатна услуга туку дека се подготвени да си платат за тоа.
Обвинуваат дека опструкциите се со политичка позадина.
Средбата на градоначалниците ја следи колешката Симона Петровска.
