Вести Македонија Најважни

„Комунална хигиена“ во „аут“, сметот се прелева од контејнерите

Неапол, Париз, Скопје… Ова се само дел од споредбите на граѓаните кои бурно реагираат на социјалните мрежи, но и до медиумите, откако утрово градот се разбуди во неподнослива миризба. Сликите во сите градски општини се преполни контејнери и смет околу. Ѓубрето нема кој да го одвезе, а ниту, пак, граѓаните можат да го чуваат дома. Опасноста дополнително расте, откако температурите надминуваат 30 целзиусови степени

По, барањата за бенифициран стаж, повисоки плати и враќање на отпуштените, вработените од утрово со единствено барање за оставка и ветување дека градот ќе блеска чист до утре.

Состојбата ескалриаше, откако војната на релација директорка – вработени синоќа разултураше со бојкот на работата. Вработентие дојдоа на своите работни места, но не влегоа во камионите. Не попушти ноќната смена, а не прифати разговори ниту директорката Косана Николиќ Мазнева.

Бојкот следува откако во петокот неколкумина долгогодишни вработени добија откази со обвинувања од менаџментот дека ги злоупотребувале работните места за лични интереси. Директорката, во разговор со раководителите, им укажа дека нема да попушти на притисоците кон неа и им порача дека ќе следуваат уште отпуштања ако протестот не се спроведе според закон.

Директорката Мазнева сè уште нема понуда до врабтоените како да се надмине кризата. Останува до најавите за пријави за сторени злоупотреби и пријави до министерството за внатрешни работи. Додека правната битка добива интензитет, општините бомбардираат со критики, но без интеревенција за спас на градот од илјадниците тони смет.

„Насекаде гледаме полни контејнери, а сите ние, граѓаните, ја трпиме штетата од, неумешното и неодговорно менаџирање со јавното претпријатие“, се вели во соопштението од Општина Аеродром до медиумите.

„Општина Центар алармира до Град Скопје за неисчистените контејнери и преполните канти со смет, поради протестот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје. Голем број граѓани денеска се пожалија во општината поради нехигиената и неподносливата миризба која се шири поради преполните контејнери по булеварите и улиците на главниот град“, се наведува во реакцијата.

Засега молчи и градот под чија надлежност е јавното комунално претпријатие, а последното барање на врбаотените е до нив за разрешување на Мазнева.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се врши проценка на штетите по силниот ветар во Штип – пациентите од Ортопадија се уште се на другите одделенија

Дејан Дејан

Полемиката меѓу Муцунски и Османи околу преговарачката рамка не запира

Дејан Дејан

Шумски пожари беснеат во Франција и Шпанија, над стотици илјади луѓе се евакуирани – пожарникарите немоќни пред силата на ветрот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе