Вести Македонија

Листа на осомничени во истрагата ФЕНИКС -од премиер до фирма во Италија каде бизнис има и еден од уапсените политичари

На листата осомничени има 15 лица меѓу кои се и поранешните министри Зоран Ставревски и Елизабета Канческа Милеска. Неколку локални функционери но и вработени во државна администрација кои учествувале во тендерите за проектот „Скопје 2014-та“ исто така се на листата осомничени.

Како осомничени се посочени и 7 фирми односно правни лица кои биле дел од набавките за огромниот проект. Има и фирма од Италија. Кривичната пријава во предметот Феникс е за две дела „злоупотреба на службени овластувања“ и за „перење на пари“.

Комплетната листа е во продолжение.

  1. Претседател на Влада на РСМ и претседател на партија
  2. Заменик-претседател на Влада и министер за финансии
  3. Државен секретар и министер за култура
  4. Претседател на Совет на Општина Центар
  5. Градоначалник на Општина Центар
  6. Градоначалник на Општина Центар
  7. Секретар на Општина Центар и претседател на Комисија за јавни набавки
  8. Сопственик и управител на италијански правни лица
  9. Правно лице од Р.Италија
  10. Правно лице од Р.Италија
  11. Управител на македонско правно лице
  12. Правно лице од РСМ
  13. Вработен во Општина Центар
  14. Сопственик на правно лице
  15. Правно лице од РСМ
  16. Вработен во Општина Центар
  17. Сопственик на правно лице
  18. Правно лице од РСМ
  19. Вработен во ЈУ „Музеј на Град Скопје“ и овластено лице во правно лице
  20. Сопственик на правно лице
  21. Правно лице од РСМ
  22. Правно лице од Р.Италија

Истрага ФЕНИКС за Скопје 2014-та- Што соопшти Обвинителството, осомничени и Груевски и Ставревски и Канческа-Милеска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Среќа е што нема жртви во невремето – експертите апелираат да запрат импровизациите во градењето и да се проверат многу конструкции

Sonja Petrusevska

САД ќе објават договор што ќе ѝ овозможи на Саудиска Арабија да развива цивилна нуклеарна програма

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе