Вести Македонија Најважни

Се бара решение за одблокирање на изборот на судии

Институот за социолошки и политичко правни истражувања да продолжи да прави психолошки тестови и тестови за интегритет на судиите. Ова, според извори на Телма е едно од можните предлози кои владата ќе ги разгледува како решение за одблоклирање на изборите на судии во Судскиот совет. Судскиот совет веќе чека одговори, а според нашите извори владата ова прашање ќе го разгледува на седница наредната недела.

Овие тестирања се прават од 2015-та. Судски до сега има склучено два договори и повеќе анекси со Институтот за социолошко и политичко правни истражувања и фирмата „Виста“. Но, блокадата настана по информацијата дека во Институот за акредитација до сега никој не се акредитирал за психолошки тестови. Ова во изјава за Телма во петокот го потврди и директорот на Институот за акредитација.

Од друга страна и Институот за социолошко и политичко правни истражувања уверуваат дека како дел од УКИМ тие се акредитирани по сите основи, но дека нема потреба да бидат акредитирани во Институт за акредитација.

Во одговорот за Телма пишаа и дека психолошкиот тест на личност и интегритет што се користи за потребите на Судски совет е меѓународно признат тест одобрен од Комората за психолози, и дека се применува во земјите членки на ЕУ и ОЕЦД.

Според упатените, продолжувањето како до сега би било најпосакувано решение за сите инволвирани. Доколку би се одело со решение за промена на Законот за судови, со кој се пропишуваат тестовите, Судски совет би се блокирал на подолг рок затоа што овој закон е двотретински.

Од друга страна секое решение со кое би се променила досегашната пракса би значела отворање на пандорината кутија и признавање дека има проблем во изборот на сите досега положени судии и членови на Судскиот совет од 2015 до сега, велат упатените.

Во моментот се блокирани избори за 40-на судии меѓу кои и избор на 8 судии за скопска апелација по оглас стар две години. Дополнително треба да се бираат и 30 кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители.

Елена Ивановска Мукоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Угостителите во Гостивар преминаа на пакувана вода, пластичен прибор и хартиени чаши – утврди Агенцијата за храна и ветеринарство

Дејан Дејан

Им попречил пат, се заканувал и со нож им исекол гума од автомобилот – постапка против работник кој нападнал газди заради неисплатени дневници

Sasko Dimovski

Откако се скарале, татко без дозвола ѝ го зел 10-месечното бебе на сопругата во Гостивар и го однел во Швајцарија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе