Додека траат договорите за средба, волјата полека испарува. Пораките кои преку медиумите си ги испраќаат премиерот и опозицискиот лидер се се` поостри, а тензиите од страна ги подгреваат и ДУИ.
Мицкоски вчера порача дека, доколку Ковачевски очекува средба што ќе помине како двете претходни, без суштина и заклучок, тогаш подобро и да ја нема.
Откри дека, и на двете досегашни средби, премиерот пред себе имал ливче од кое читал. Откако го прочитал,тој му ги кажал забелешките, по што си излегле, дале изјави за медиумите и никому ништо.
Овојпат бара да се сретнат само тие двајцата, по што од СДСМ му порачаа дека, дали ќе дојде сам или во друштво, изборот е негов.
На изјавите на Мицкоски кои деновиве неколкупати ги повтори, дека е време ДУИ да замине во опозиција, и дека тој е за влада во која „ќе има широко македонско национално единство“, реагираа интегративците.
Евентуални предвремени избори, сепак, нема да бидат тема на лидерската средба, доколку се одржи.
Најавени се само уставните измени и добрососедските односи.
Далиборка Демјанска Цветановска
