Вести Македонија Најважни

Макрон бара побрза интеграција на Западниот Балкан во ЕУ – Фон дер Лајен вети зголемени европски инвестиции

Нов развоен план на Европската унија за Западниот Балкан презентираше денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кој треба да ја забрза интеграцијата на регинот во Унијата.

Презентирајќи ги четирите столба од новата иницијатива Фон дер Лаен рече дека иницијативата има за цел денес да донесе некои од бенефитите од членството во Унијата поблиску до граѓаните на Западниот Балкан.

„Развојниот план кој го предлагаме денеска е изграден на четири столба. Првиот – да го донесеме Западниот Балкан поблиску до единствениот европски пазар. Вториот е да се продлабочи регионалната економска интеграција. Третиот е да се забрзаат фундаменталните реформи. И четвртиот – да се зголемат претпристапните фондови“, рече Фон дер Лајен.

Фон Дер Лајен презентирајќи подетално што значат четири столба, рече дека до некој степен ова е нов пристап на ЕУ, поточно дека таа не сака само да бараме од своте партнери да прават големи чекори кон неа, туку и таа да преземаме големи чекори кон нив.

„Има огромна потреба од инвестиции во Западен Балкан. И овие инвестиции ќе го подобрат животот на луѓето и исто така ќе го изедначат патот кон нашата Унија. Заради оваа причина, треба да ги зголемиме ресурсите посветени на Западен Балкан“, рече Фон Дер Лајен.

Од денешниот ГЛОБСЕК во Братислава уште една новина во контекст на проширувањето.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, побара проширувањето на Унијата да се случи што е можно побрзо.

Според него Унијата мора да избегне грешки во поглед на проширувањето кои би влијаеле на нејзината безбендост.

„Првата грешка би била да се остане на статусот кво, да му се даде надеж на Западниот Балкан на пример, Молдавија и т.н. и да се игра на факторот време. Верувам дека тоа би била огромна грешка. Сметам дека то би им дало простор на оние кои би сакале да ја дестабилизираат Европа. Би се разбудиле едно утро и ситуацијата би била многу подраматична“, рече Макрон.

Сепак според него не треба да биде проширување колку само да има проширување. Тоа би било втора грешка, смета Макрон, според кого такво проширување би ја ослабнало Унијата.

Поради тоа, рече Макрон, треба да се обрне внимание на спецификите на новите земји-членки кои ќе станат партнери во сите чувствителни области на ЕУ, а Унијата поради тоа ќе им поставува нови и нови услови во различни области.

И покрај новиот пристап кон проширување Макрон потсети дека Унијата никогаш не била направена за бесконечно проширување во географски рамки. Таа според него треба да се прошири, но истовремено и треба реформа на нејзиното менаџирање, различни формати на дебати и да се знае кој е точно одговорен за што, а земјите од Западниот Балкан и Молдавија тоа треба да го знаат.

Макрон денеска повтори дека Европската политичка заедница, на која утре тој ќе се сретне со лидерите од 46 држави, за него не може да биде замена за проширувањето на ЕУ.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДУИ: Град Скопје веднаш да го отстрани незаконскиот билборд и да ја почитува двојазичноста

Дејан Дејан

Документарниот филм на Милчо Манчевски „Добри луѓе“ во трка за наградата „Срцето на Сараево“

Sonja Petrusevska

ВМРО – ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет да зборува за здравството каде остави тотален колапс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе