Вести Македонија Најважни

Не 60, туку цели 72 часа неделно ќе може да работат градежниците на Коридорите кои ќе ги прави Бехтел&Енка, пресмета синдикатот по поптисот на Пендаровски

Сојузот на синдикати и гранковиот градежен синдикат ќе поднесат иницијатива за уставноста на новата Бехтел&Eнка веризја на законот за работни односи и го прифатија предизвикот на претседателот Пендаровски кој вчера ги потпиша сите 5 закони за Коридорите. Ова е удар врз правата на градежните работници, оценија оттаму и наведоа дека нивната пресметка е уште пострашна. Работната недела ќе може да трае и 72 часа, вели Пешевски од Синдикатот.

Вчера Претседателот Стево Пендаровски соопшти дека ги потпишал законите бидејќи со правните советници утврдиле дека ја нема озлогласената формулација за 60-часовна работна недела.

Токму стратешката формула за пресметката на работните часови е особено спорна за синдикатите бидејќи сега таа формула не е само за Коридорите 8 и 10А туку и за сите останати бизниси кои може да се прогласат за стратешки и работниците да имаат долга работна недела, а скромна исплата на прекувремено.

Според синдикатот, најслабата алка во заштитата на правата на работниците, а особено на градежниците е трудовиот инспекторат којшто не врши ефикасна контрола врз условите за работа и врз прекувремените часови кои според него се под принуда, а не со доброволна согласност на работниците. Преморените работници почесто умираат, потенцир Пешевски и наведе дека лани имало 20 загинати градежници и над 200 повредени на градилишта.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонското знаме, конечно, во кабинетот на Ахмети – амбасадорите му сугерирале, тој прифатил

Sasko Dimovski

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 24.7.2026

meteo

Осум милиони денари штета на буџетот – Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управител и правно лице за даночно затајување

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе