Вести Македонија Најважни

Синот на Џафери и сопругата на Абази станаа обвинители

Синот на собранискиот претседател Талат Џафери е избран за обвинител во гостиварското обвинителство на денешната седница на Советот на јавни обвинители. На членовите на советот, не им пречеше дека Барлет Џафери успеал да биде запишан и да полага правосуден испит без да има документација за завршен факултет, како што беше утврдено во постапката на Антикорупциската комисија.

Синот на спикерот Џафери е еден од штотуку завршените кандидати на Академијата за судии и обвинители кои на денешната седница на Советот на јавни обвинители се избрани на празните места во обвинителската структура.

И сопругата на шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Абази, Албулена Абази е избрана за обвинител во ОЈО Кичево.

Во Велес е избрана една обвинителка, двајца обвинители се избрани во Битола и еден обвинител е избран за дебарското обвинителство. За раководител на Основното јавно обвинителство во Штип е избрана досегашната вршителка на должноста Татјана Кацарова.

Седницата на Советот продолжува, а за повеќе детали гледајте ги вестите на Телма во 15:30.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе