Синан Оган (55), кој беше трет според бројот на добиени гласови во првиот круг на претседателските избори во Турција, денеска објави дека ќе го поддржи актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган во вториот круг на гласање кој е закажан во недела на 28 мај, јавува „Ројтерс“.
Оган, кој е тврдокорен националист и малку познат во пошироката јавност пред кампањата, го најави тоа денеска на прес-конференција во Анкара и додаде дека неговата капмања ги претворила турските националисти во „клучни играчи“ во турската политичка сцена.
Ердоган во првиот круг на изборите на 14 мај освои 49,50 отсто гласови, речиси пет отсто повеќе од неговиот најблизок ривал Кемал Киличдароглу кој освои 44,9 отсто. Владеачката коалиција предводена од партијата АКП на Ердоган, пак, освои мнозинство мандати во парламентот.