Вести Најважни Свет

Нова Демократија со двојно повеќе мандати од СИРИЗА – пребројани, речиси, 70 отсто од гласовите

Актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис ќе добие нов мандат да формира влада. Првичните официјални резултати покажуваат дека неговата партија Нова Демократија освои 145 места во парламентот со 300 пратеници. Сириза на Алексис Ципрас има двојно помалку, односно 72 места, додека ПАСОК е трет со 42 пратенички места.

Во грчкото собрание влегува и Комунистичката партија на Грција со освоени 25 мандати и Грчко решение со 16. Сепак, Нова Демократија нема да може сама да формира влада и ако не успее да направи коалиција, ќе се одржат нови избори, а како можен датум се спомнува 25-ти јуни. Досега преброени се, речиси, 70 отсто од гласовите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Успешно опериран колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе по обидот за атентат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе