Вести Македонија Топ тема

Топ Тема – Пратеничките Пешевска и Мираковска со заедничка критика за однесувањето на бугарските европратеници

Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска и од Новата социјалдемократска партија, Соња Мираковска, кои се дел од мешовитиот парламентарен комитет Македонија – ЕУ, во вечерашната Топ Тема, заеднички изразија револтираност и осуда за однесувањето на бугарските евро-пратеници.

„Сметам дека треба да имаме еден униформиран став, како што имаме униформиран став помеѓу колегите пратеници, кои што учествуваме во мешовитиот парламентарен комитет, по линија на националните интереси, ние сме на иста бранова должина. Значи таму кога презентираме, буквално сите до еден сме на иста бранова должина, дека односот на Бугарија кон Македонија воопшто не е адекватен и не прилега на една земја која е членка на Европската Унија.“ – изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска.

Пратеничката од НСДП, Соња Мираковска, во однос на бугарските барања изјави дека на бугарскиот европратеник Јорданов, во однос на неговите навреди кон македонскиот народ му одговорила дека ние сме потомци на Гоце Делчев и како нација се однесуваме на таков начин: ја почитуваме неговата основна мисла: дека светот е поле за културен натпревар меѓу народите и дека ској смета дека има врска со него треба и така да се однесува.

„Мислам дека Јорданов беше поттикнат од реториката на Радев и некаде на претпоследната точка тој се најави дека ќе зборува за добрососедските односи и ми беше јасно што се случува“ – изјави Мираковска.

„Оваа реторика на дискриминација кон нас, Бугарите ја имаат 150 години и нема да ја променат. Во тоа сум сигурна. Но, од друга страна, Бугарија го злоупотребува членството во Европската Унија и од позиција на моќ настапува вака. Моето прашање до него би било: како постапува земја членка на ЕУ кон земја аспирант која направила низа големи промени“ – додаде пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Пешевска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Примирјето со Иран е завршено за мене, им рековме одете и направете ги своите погреби, тие почнаа да пукаат кон бродови

Sasko Dimovski

Даниела Димовска едногласно избрана за претседателка на Кривичниот суд

Tea Dimkovska

Google Street View се враќа во Македонија со обемно обновување на снимките низ земјата – опфатени 13.000 километри

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе