Вести Македонија Најважни

72-годишниот убиец од Демир Капија имал дозвола за оружје, но дали ги поминал лекарските и психолошките прегледи

72 годишниот жител на Демир Капија кој со својот пиштол го застрела својот 34 годишен сосед во неговиот дом, а потоа извршил самоубиство имал активна дозвола за оружје. По 65-та година секое лице кое поседува оружје мора да има лекарски и психолошки преглед во државна здравствена установа, така се вели во Законот за оружје.

Претседателот на спортската стрелачка федерација Јордан Тасевски за Телма вели дека дозволата за овие повозрасни лица се ограничени на пет години, а за последниот случај надлежните институции треба да утврдат дали имал лекарски преглед.

Во земјава официјално има 180.000 парчиња огнено оружје, едно од нив било и на убиецот од Демир Капија. Можност за одземање на оружје предвидел Законот и тоа доколку лицето има сериозни психички и здравствени проблеми, кои децидно се наведени.

Според издадената активна дозвола за оружје убиецот ги имал сите потребни документи и прегледи, но сепак баналната меѓусоседска расправија била причината за да го повлече орозот на пиштолот. Повозрасниот жител на Демир Капија, во овој случај неколку пати го пријавувал својот сосед, за што има и службени полициски белешки.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонското знаме, конечно, во кабинетот на Ахмети – амбасадорите му сугерирале, тој прифатил

Sasko Dimovski

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 24.7.2026

meteo

Осум милиони денари штета на буџетот – Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управител и правно лице за даночно затајување

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе