Вести Македонија Најважни

Платите не се мрднати од 2009 година, а цените драстично се зголемија – предупредувачки протест на синдикалните организации на УЈП

Синдикатот на Управата за јавни приходи (УЈП) бара покачување на платите на вработените за 30 отсто. Членовите на синдикалните организации во повеќе градови во земјава излегоа на протест за да го изразат своето незадоволство затоа што, како што велат, тие се изоставени од законското покачување на платите во Министерството за финансии. Барањето го имаат доставено и до работодавачот и до ресорниот министер.

„Не сме опфатени во толкувањето од член 66 од Законот за буџет кај што има покачување на плата од 30 %, сметаме дека како и сите други во состав на Министерството ни следи. Барањето е многу оправдано базирано врз податоци статистички за покачување на кошницата на трошоци и сите други инфлациони параметри и сите други параметри шт се основ за синдикатот да бара а тоа го предвидува и колективниот договор дека треба да се коригираат врз бара на тие параметри и нашите плати“, изјави Агрон Емини, повереник на Синдикална организација на УЈП во Тетово.

„Веќе од август лани преговараме за платите, бидејќи навистина од 2009 година не се помрднати, во стварност имаше некое поместување само од 5 отсто за последните 14 години. Цените драстично пораснаа и стварно со овие плати УЈП не заслужува да функционира вака како што е“, изјави Тони Петровски, член на Синдикалната организација на УЈП Битола.

Протестот беше во траење од час и половина, но доколку не бидат исполнети нивните барања најавуваат порадикални чекори, односно штрајк.

„Секако нема да застанеме тука, се додека нашите барања не ни ги одобрат, ќе ги зачестиме протестите, а ќе одиме и до генерален штрајк“, изјави Сашо Велковски, повереник на Синдикална организација на УЈП Штип.

Во УЈП има над 1 000 вработени на ниво на цела Македонија.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонското знаме, конечно, во кабинетот на Ахмети – амбасадорите му сугерирале, тој прифатил

Sasko Dimovski

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 24.7.2026

meteo

Осум милиони денари штета на буџетот – Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управител и правно лице за даночно затајување

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе