Вести Најважни Свет

(Видео и фото) Поплави во Хрватска, растат водостоите на реките, состојбата во Грачац и Обровац најкритична

Борбата на жителите на Грачац и Обровац со големите поплави продолжува. Во очекување на нови врнежи се води трка со времето.

Водостоите се зголемуваат низ државата. Во Хрватска Костајница најавени се вонредни мерки за одбрана од поплави, надојдени се реките Уна и Купа, сите погледи се вперени кон небото и се најавуваат нови врнежи од дожд во следните 36 часа.

Врвот на водостојот на Сава се очекува за околу пет дена. Во изминатите два дена, во округот Задар, реката Зрмања го достигна својот историски водостој. Преку заштитниот ѕид се прели во месноста Обровац и го поплави центарот на градот. Под вода е и гимназијата. Дождот предизвика огромен одрон. Повеќе од сто кубни метри земја и камења го затрупаа патот.

Во општина Грачац, вода навлегла во најмалку 59 куќи, но точната бројка не е позната бидејќи сопствениците на многу куќи не живеат во нив туку во Србија или Германија.

Спасувачкиот центар е  подготвен да прими голем број луѓе, а на многу места се поставени вреќи со песок.

Локалните власти објаснуваат дека Грачац поради конфигурацијата на теренот нема можност да се одбрани со зајачки насип бидејќи водата продира од карстното подземје на многу места, а не од еден правец.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стејт департмент: САД цврсто посветени на Преспанскиот договор

Дејан Дејан

Топ тема (13.05.2024) Таравари оптимист за уставните измени и евроинтеграциите на државата

Дејан Дејан

Балансерот мора да остане, иако е злоупотребен од сите страни – Таравари во „Топ тема“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе