Вести Македонија Топ тема

Рустеми од ЈПДП во Топ Тема за дилемата – колку ќе чини изградбата на коридорите 8 и 10д, 1,3 или 1,5 милијарди евра?

Со овие измени на закони што не се многу суштински, препорачуваме да ги скратиме нашите рокови, каде што имаме проблем со реализација на проектите и сакаме што е можно побрзо да го реализираме и според договор што го имаме и според сите процедури, велиме дека сметаме дека изградбата на коридорите 8 и 10д ќе биде реализирана за 4 години и 8 месеци, изјави вечерва во Топ Тема, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, во однос на законските измени што ги предложи владата до Собранието.

Тој тврди дека цената на проектот е проектирана на 1,3 милијарди евра, но доколку процесот на реализација ќе се плати повеќе.

„Затоа ние не сакаме да платиме повеќе, сакаме побрзо да ги завршиме нашите проекти.“ – вели Рустеми.

Во однос на различните проценки за цената на чинење, која се движи од 1,3 милијарди до 1,5 милијарди евра, Рустеми вели дека  договорот со Бехтел и Енка е ткн црвен фидик, каде има претпоставени количини кои ќе се мерат и врз основа на тоа дека избран е надзор ќе се врши плаќање кон конзорциумот.

„Проектот што го потпишавме е 1,3 милијарди евра, според претпоставките и  количините и буџетот за тие автопати. Врз основа на тие претпоставени количини ќе имаме и проекти каде точно кога ќе почне изградбата, буџетот ќе биде 1,3 милијарди. Сите закони што се доставени до Собранието, што очекуваме дека ќе бидат одобрени, ќе можеме побрзо да градеме, бидејќи ќе ги скратиме роковите за да може побргу да дојдеме до експроцијацијата и според сите нив очекувам дека ќе биде завршен проектот побргу“ – вели Рустеми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Агент на имиграциска служба го усмрти Лоренцо Салгадо Араухо во Хјустон

Tea Dimkovska

Девизните резерви на крајот на јуни изнесувале четири милијарди и 936 милиони евра

Sasko Dimovski

Радев од самитот на НАТО во Анкара: Ја предизвикуваме најголемата нуклеарна сила, иако немаме доволно развиени капацитети за нејзините хиперсонични ракети

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе