Претседателот Стево Пендаровски вели дека до него не стигнало писмото на американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер во кое таа изразува разочарување во правосудниот состем. Премиерот Ковачевски пак во одговор на новинарско прашање информира дека тоа е испратено секаде каде што е потребно.
Според него Владата обезбедува услови за функционирање на судовите, во делот на обезбедување на буџет, во делот на предлагање на законски решенија, кои подоцна ја унапредуваат судската пракса.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
