Кошарка Спорт

Филаделфија на чекор до полуфинале во плејофот, Голден Стејт и Феникс поведоа со 2-1 (ВИДЕО)

Филаделфија поведе со 3-0 во првата плеј-оф рунда во НБА-лигата откако утринава со 102-97 славеше на гостувањето кај Бруклин. Тајрис Макси со 25 поени ги предводеше Сиксерс, додека Џејмс Харден имаше 21, но тој предвреме го заврши натпреварот поради исклучувачка лична грешка. Прилично тивок беше Жоел Ембид, кој имаше 14 поени и 10 скока. Микал Бриџис со 26 поени најмногу се истакна кај Нетс.

Без Каваи Ленард и Пол Џорџ, Лос Анџелес клиперс на свој паркет беа немоќни против разиграниот Феникс, кој славеше со 124-129. Санс сега водат со 2-1 во меѓусебната серија, а Клиперс утринава немаа решение за Девин Букер, кој постигна 45 поени, додека Кевин Дурент придодаде 28. Норман Пауел беше најдобар кај Клиперс со 42 поени, а Расел Вестбрук имаше 30 поени со 11 асистенции.

Шампионот Голден Стејт направи пресврт против Сакраменто и сега води со 2-1 во нивната серија. Утринава Вориорс на свој паркет дојдоа до победа од 114-97. Домашните беа без специјалистот за одбрана Дрејмонд Грин поради суспензија, но тука беше Стеф Кари, кој реализираше 36 поени. Деарон Фокс со 26 поени беше најдобар кај Кингс.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе