Јувентус и Интер одиграа 1-1 синоќа на првиот полуфинален натпревар во Купот на Италија. Хуан Квадрадо ги доведе домашните во водство во 83.минута, но Ромелу Лукаку од пенал во 95.минута го израмни резултатот.
Белгиецот славеше претерано пред навивачите на Јувентус, по што доби втор жолт картон и автоматски исклучување. Имаше блиска средба помеѓу Квадрадо и Хандановиќ по последниот свиреж, па главниот судија подели уште два црвени картони.
Од таборот на Интер обвинуваат дека Лукаку бил расистички навредуван од фановите на Јувентус, а енаџерската агенција на Белгиецот исто така побара јавно извинување од „Старата дама“. Реваншот во Милано е на 26.април.
