Фудбалерите на Скопје конечно ја прекинаа серијата натпревари без победа и на гостувањето против шампионот Шкупи освоија значајни бодови во битката за опстанок во елитното друштво во Македонија.
Натпреварот беше решен во 21-та минута кога Анид Абази успеа да го совлада Кристијан Намумовски и да му донесе големи три бода на Скопје.
До крајот на мечот Шкупи се обидуваше да направи пресврт, но мрежата на голманот Андреја Ефремов остана сочувана.

Киксот на Шкупи го искористи Шкендија која со победата од 2:0 во дуелот против Победа изби на второто место. Тетовци постигнаа по еден погодок во секое полувреме, а головите беа дело на Амир Реџепи во 29-тата и Аденис Шаља во 68-та минута.
Лидерот Струга немаше поголеми проблеми со Академија Пандев совладувајќи ја со 3:1. Домаќинот натпреварот го реши уште во првото полувреме кога со двата гола на Бесарт Ибраими во 12. и 15. минута, а потоа и со погодокот на Сухељ Муарем стигна до предност од 3:0. Единствениот гол за Струмичани го постигна Ергемлидзе во првата минута вториот дел.
На последниот меч во Штип мрежите мируваа во соочувањето меѓу Брегалница и Тиквеш.
ФОТО: Игор Паневски
