Вести Македонија Топ тема

Топ Тема – За СДСМ членството во НАТО ја покажува важноста на донесените одлуки, за ВМРО-ДПМНЕ останува кнедлата во грло за цената која државата ја плати

Три години членство во НАТО заокружува една од нашите децениски аспирации и определби, односно полноправно членство во НАТО, како едно поглавје кое го имаме завршено, секако и второто поглавје, полноправно членство во Европската Унија. Членството во НАТО носи многу придобивки,  едната сега ја гледаме со агресијата на Русија во Украина и таа сигурност што ја гледаме со членството во Алијансата, во овој најмоќен сојуз значи многу, впрочем и самата желба на Шведска и Финска да станат дел од НАТО, ја покажува важноста на одлуките кои ги имаме донесено во минатото, изјави во вечерашната Топ Тема, Дарко Каевски, пратеник од СДСМ.

Според Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, стратешка определба на неговата партија од нејзиното основање е членството во НАТО и придобивките се апсолутно неспорни.

„Останува кнедлата во грло или негативната перцепција на дел од јавноста за начинот на кој влеговме во НАТО и цената која што како држава ја плативме за ова членство.“ – изјави Петрушевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пациент заболен од маларија хоспитализиран на Инфективна по враќање од Занзибар и Танзанија

Дејан Дејан

Поскапениот Фостер се враќа по стара цена за пациентите, најави Здравство

Sasko Dimovski

Мицотакис: Грција се соочува со закана за војна од Турција – треба да се земе предвид чувствителноста на сите членки на НАТО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе