Три години членство во НАТО заокружува една од нашите децениски аспирации и определби, односно полноправно членство во НАТО, како едно поглавје кое го имаме завршено, секако и второто поглавје, полноправно членство во Европската Унија. Членството во НАТО носи многу придобивки, едната сега ја гледаме со агресијата на Русија во Украина и таа сигурност што ја гледаме со членството во Алијансата, во овој најмоќен сојуз значи многу, впрочем и самата желба на Шведска и Финска да станат дел од НАТО, ја покажува важноста на одлуките кои ги имаме донесено во минатото, изјави во вечерашната Топ Тема, Дарко Каевски, пратеник од СДСМ.
Според Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, стратешка определба на неговата партија од нејзиното основање е членството во НАТО и придобивките се апсолутно неспорни.
„Останува кнедлата во грло или негативната перцепција на дел од јавноста за начинот на кој влеговме во НАТО и цената која што како држава ја плативме за ова членство.“ – изјави Петрушевски.
