Вести Македонија Најважни Спорт

(видео)По натпреварот Вардар – Пелистер „Чкембари“ испратени со полициско обезбедување

Ракометното дерби од македонскиот шампионат меѓу Вардар и Пелистер заврши со победа на домашниот тим, но ретко кој зборува за исходот по натпреварот. Дуелот во салата „Јане Сандански“ го одбележа прекинот, кој лесно можеше да премине во инцидент од поголеми размери.

Битолската навивачка група Чкембари, со шест автобуси и едно комбе заминаа од салата „Јане Сандански“, откако Вардар го совлада Пелистер. Долж булеварот беа распоредени униформирани специјалци. Ова доаѓа откако за време на ракометниот натпревар имаше инцидент, а навивачи влетаа на теренот.

Автобусите и комбето по пат беа пратени и со полициски возила, со цел зголемена безбедност на навивачите и ракометарите. Првите тензии дојдоа во првото полувреме кога Пелистер имаше и предност пред Вардар. Натпреварот беше прекинат во 17-тата минута при резултат од 6-6, кога „Чкембарите“ влегоа во салата и веднаш почнаа да дивеат и да фрлаат со пиротехнички средства кон публиката на другите делови од трибините.

Тогаш на паркетот се симнаа „Комитите“, а целосниот хаос траеше повеќе од десет минути.

Атомски ракомет и инциденти: Вардар го демолираше Е. Пелистер во првото дерби за титулата

На вчерашниот меч Вардар победи со 31:24 и има два бода повеќе од Пелистер во „шампионската група“.

Најефикасни во победничкиот тим беа Филип Талески и Дејан Манасков со по седум гола, додека Жарко Пешевски постигна пет за гостите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Партијата на пензионери бара итна реакција за состојбата во пензискиот фонд

Kristina Kuzmanovski

(Видео)Вирално „запросување“ на врвот на Емпајер Стејт Билдинг: руските руфтопери уапсени по опасен спектакл над Њујорк

Tea Dimkovska

Атанасовски: Со реконструкцијата се измери коалициската вредност на ЗНАМ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе