Вести Македонија Топ тема

Шкариќ во Топ Тема за евентуални уставни промени: Бугарите не може да бидат привилегирани во однос на другите малцински заедници

Во однос на прашањето на внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав, професорот по Уставното право, Светомир Шкариќ, во вечерашната Топ Тема, изјави дека станува збор за чувствителна тема, за која се води дијалог во лош амбиент, кој не одговара за уставни промени.

Веројатно другата страна и бара ние да не можеме да го исполниме тој услов за да може да не држат на почетна позиција. Сега е прашањето дали Македонија ќе има доблест и ум, тоа да го сфати и да направи таков исчекор кој ќе го отвори патот кон пристапните преговори, оцени реномираниот професор по Уставно право.

Шкариќ изјави дека за него е сосема јасно дека ставот на актуелното бугарско раководство кон Македонија е неприфатлив за нас, но додава дека сега треба да се размисли и да се види како владата ќе го елаборира тоа прашање.

Кога ќе се појави првиот нацрт на уставните амандмани ќе видиме дали тоа прашање, така како што е поставено, може да има негативни консеквенци врз другите одредби во Уставот. Во оваа фаза треба уште да се размислува, да се види предлогот и потоа да се отвори нова дебата. Во секој случај, третманот на Бугарите не може да биде привилегиран во однос на другите малцински заедници. Ако ги има 3500-тини, 3600-тини колку што се регистрирани во Пописот, нивната присутност во државната структура ќе биде соодветна. Никаква друга привилегија не може да добијат, изјави Шкариќ.

Во однос на своето евентуално учество во процесот на подготовка на уставните амандмани, Шкариќ изјави дека тој својот придонес може да го даде независно дали ќе биде член на таа група, во секоја фаза на постапката и како учесник во процесот на јавна дебата.

Тогаш ќе се отвори и прашањето на правна техника, како да се регулира тоа прашање. Ако треба нови малцински заедници да влегуваат во преамбулата, ќе се постави прашањето, како да се вградат во преамбулата. Нема да биде лесно, бидејќи нашата преамбула е веќе неколку пати менувана. Со овие нови промени веројатно ќе биде невозможно во преамбулата во оваа форма да се вградат овие предлози, но ќе видиме какво решение ќе понуди предлагачот, укажа Шкариќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две девојчиња за насилство врз 12-годишната жртва, две момчиња за потикнување и за снимање на инцидентот и 5 родители- МВР со кривична пријава за меѓуврсничкото насилство во Аеродром

Дејан Дејан

Кривични пријави против четири малолетници и пет родители за нападот врз 12-годишното девојче во Аеродром

Tea Dimkovska

По неполни два месеца повторно се менува Законот за студентски стандард – се воведува забрана за домување и до пет години при поголем прекршок

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе