Групацијата на авто такси превозници со писмо до градоначалничката Данела Арсовска бара решавање на наталожените проблеми со кои се соочуваат таксистите во главниот град.
Хаосот со такси превозот во Скопје се провлекува со години наназад а според првиот човек на групацијата на авто такси превозот, Сашо Рајчановски, наместо да се решаваат проблемите во оваа дејност само се продлабочуваат.
Тој вели дека таксистите за среќа немаат долгови кон градот Скопје но имаат проблеми со издавањето лиценци, за кои е надлежен и исто така мора да се грижи за такси превозот кој се организира на негова територија како и за безбедноста на давањето на оваа услуга.