Вести Македонија

Во Македонија е нормална работа да се тепаат и стрелаат Бугари, а полицијата да не презема ништо, тврди Пендиков од Софија

Во Македонија е нормално да те тепаат, да те пцујат и да те стрелаат затоа што си Бугарин, додека полициајта ништо не презема, тврди Христијан Пендиков, во ексклузивно интервју за бугарската БТВ, каде исто така рече и дека во Македонија се учи лажна историја, која шири омраза кон сите соседни народи и особено кон Бугарија.

Ние учиме историја според која само Србите ни се браќа, а сите останати ѝ посакувале само лошо на Македонија, вели Пендиков.

Пендиков, кој дури пред само неколку години се освестил како Бугарин, тврди порано бил македонист и не ги сакал останатите балкански народи.

За да бидеш македонски Бугарин, едноставно треба да се освестиш. Во Македонија учиме променета, лажна историја, во која Бугарите се фашисти, татари. Откако прочитав светска историја, откако прочитав за ВМРО и каква е историјата, се освестив, тврди Пендиков

Вели дека тој Неговиот сон бил еден ден да се врати во Македонија и слободно да се изјасни дека бил Бугарин.

Сонувам еден ден да се вратам во Македонија и слободно да кажам дека сум Бугарин, и никој ништо да не ми направи. Не само мене, туку и на сите кои живееме во Македонија и кои сме македонски Бугари.“

Зборуваше и за нападот, и според него додека бил во локал со неколку пријателки, му пришле три лица кои започнале да го навредуваат затоа што бил Бугарин, дека бил предавник и дека требало да си замине од Македонија. Кога тргнал да си оди од локалот, од зад грб го нападнале три лица и 10 минути го клоцале додека лежел на земја. За бугарската телевизија Пендиков тврди и дека сѐ уште добива закани, и дека од нив не е поштедена ниту мајка му.

На 22 годишниот освестен Бугарин, чие претепување во Охрид дополнително ги влоши односите меѓу Македонија и Бугарија од бугарскиот државен врв му беа понудени серија бенефити, откако заврши неговото лечење на Воено-медицинската академија во Софија, затоа што достојно го одбранил своето бугарско име. 22-годишното момче ќе добие бесплатно сместување во стан во Софија, паричен надоместок за да живее таму со својата мајка, но и забрзување на постапката за стекнување со бугарско државјанство. Поради заканите кои ги добивал, веќе му е доделено и полициско обезбедување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Бел чад од Сиктинската палата – Избран нов Папа на римокатоличката црква

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Силјановска: Книгите што ги читаме, на кои се навраќаме, многу повеќе говорат за нас, од било кое CV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе