Јасмин Реџепи, генералниот секретар на Легис, во вечерашната Топ Тема изјави дека во однос на помошта која ја донираат граѓаните за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија, најпотребна во моментов е топлата облека, бидејќи во регионот има ниски температури. Потоа, потребни се шатори, бидејќи станува збор за регион во кој живеат 13 милиони луѓе, при што дури и да станува збор за 10% од нив кои останале без покрив над главата, тие треба да бидат сместени некаде.
„Исто така агрегати за струја, бидејќи во регионот нема електрична енергија. Хигиенските пакети за деца, бебиња, за возрасни и денеска замина првата пратка од Легис, бидејќи сметавме дека треба што е можно побргу да биде испратена помошта“ – изјави Реџепи.
Тој додаде дека во сабота, најголемиот дел од помошта ќе биде натоварена пред балканскиот интернационален универзитет, ќе биде сместена во 12 шлепери или ако има потреба и повеќе од тоа и заеднички ќе тргнат.
